ГЕОТЕХНИЧКИ ИСПИТУВАЊА

Геотехничката лабораторија со својата опрема обезбедува изведба на контрола на квалитетот на материјалите од земјата со цел да се одредат физичките механички карактеристики. Нашата лабораторија ги спроведува следните контроли:

  • Земање на  примероци, МКС U.B1.010
  • Одредување на влажност на земјените материјали, МКС U.B1.012
  • Определување на волуменска тежина на материјалот, MKS U.B1.014
  • Определување на гранулометриски  состав, MKS U.B1.018
  • Определување облик на зрна, МКС B.B8.048
  • Определување на слаби зрна, МКС B.B8.037
  • Определување на Атербергови граници(Метод на Casagrande), МКС У.В1.020
  • Одредување на збиеност и содржина на вода (Збивање според Прокторов опит), МКС U.B1.038, EN 13286-2
  • Определување на Калифорнискиот индекс на носивост(CBR), MKS U.B1.042, EN 13286-47

Геотехничката лабораторија обезбедува контрола на квалитетот на вградените материјали од земјата, како и контрола на постојната состојба на теренот преку следните испитувања:

  • Определување на влажност на материјалот, МКС U.B1.012
  • Определување на модул на стисливост по метод со кружна плоча, MKS U.B1.046
  • Определување на волуменска тежина-метода со калибриран песок, MKS U.B1.016
  • Определување на волуменска тежина со цилиндар со познат волумен, МКС U.B1.016
  • Определување на калифорниски индекс на носивост, МКС U.B1.042

Врз основа на извршените лабораториски испитувања и постигнати резултати за физички механички карактеристики на материјалите и споредување со потребните критериуми, се врши проценка на достапноста за бараните слоеви (подпочвени, пополнување, тампон).