Лабораторија

Во рамките на компанијата, ЕВРО КОНСАЛТИНГ ДОО Скопје поседува централна Акредитирана лабораторија за испитување на градежни материјали, односно лабораторија за испитување на геомеханика, асфалт и бетон. Лабораторијата поседува Сертификат за Акредитација бр.ЛТ 018 потврден според стандардот МКС EN ISO/IEC 17025:2006.

Акредитираната лабораторија за испитување на градежни материјали е опремена со:

  • Современа опрема обезбедена од производителот Controls-Italy
  • Лабораториска опрема за испитување на градежен материјал според MKC и EN стандардите
  • Теренски опрема за тестирање “на лице место”
  • Опрема за екстракција на мостри за тестирање на условите на теренот

Нудејќи геомеханичко, асфалтно и бетонско тестирање, лабораторијата ја зголемува ефективноста на контролата и надзорот врз квалитетот на вградените материјали при изведувањето на сите структури.

АСФАЛТНИ
ИСПИТУВАЊА

БЕТОНСКИ
ИСПИТУВАЊА

ИСПИТУВАЊА НА
ЧЕЛИК

ГЕОТЕХНИЧКИ ИСПИТУВАЊА