Геотехничка Лабораторија

Геотехничката лабораторија, опремена со современи инструменти за тестирање, обезбедува контрола на квалитетот на земјените материјали со цел да се утврдат нивните физички и механички својства, како и да се изврши проценка на постојната состојба на теренот.

Врз основа на изведените лабораториски испитувања и добиените резултати за својствата на материјалите, како и нивното споредување со пропишаните критериуми, се врши оценка на соодветноста и употребливоста на материјалите за потребните градежни слоеви, вклучувајќи: подпочвени слоеви,материјали за пополнување,тампонски слоеви.

Овој процес овозможува сигурна и контролирана примена на земјените материјали во сите фази на градежните активности, обезбедувајќи стабилност, носивост и долготрајност на конструкциите.

  1. Heading

    Неврзани и хидраулички врзани смеси - Дел 2: Методи за испитување на лабараториска збиеност и содржина на вода - Збивање според Проктор

  2. Heading

    Неврзани и хидраулички врзани смеси - Дел 47: Опит за определување на Калифорниски индекс на носивост (CBR) директен индекс на носивост и линеарно бабрење

  3. Heading

    Испитување на општи својства на агрегати - Дел 1: Методи на земање примероци

  4. Heading

    Испитување на општи својства на агрегати - Дел 2: Методи за намалување на лабораториски примероци

  5. Heading

    Испитување на геометриските својства на агрегатот - Дел 1: Определување гранулометриски состав - метода на пресејување

  6. Heading

    Испитување на геометриските својства на агрегатот - Дел 3: Определување на облик на зрно - коефициент на плоскатост

  7. Heading

    Испитување на геометриските својства на агрегатот - Дел 4: Определување на форма на зрна - индекс на форма

  8. Heading

    Испитување на геометриските својства на агрегатот - Дел 8: Проценка на ситен агрегат - Испитување со еквивалент на песок

  9. Heading

    Испитување механички и физички својства на агрегати - Дел 2: Методи за определување отпорност на дробење

  10. Heading

    Испитување механички и физички својства на агрегати - Дел 3: Определување волуменска маса во растресита состојба

  11. Heading

    Испитување механички и физички својства на агрегати - Дел 5: Определување содржина на вода при сушење во вентилирана печка

  12. Heading

    Испитување механички и физички својства на агрегати - Дел 6: Определување волуменска маса на честички и апсорбција на вода

  13. Heading

    Испитување на топлински и атмосферски својства на агрегатот - Дел 2: Тест со магнезиум сулфат

  14. Heading

    Методи за испитување на ѕидарски единици - Дел 1: Одредување на јакост под притисок

  15. Heading

    Методи за испитување на ѕидарски единици - Дел 3: Одредување на нето волумен и процент на празнини кај глинени ѕидарски единици со хидростатско мерење

  16. Heading

    Методи за испитување на ѕидарски единици - Дел 13: Одредување на нето и бруто густина на ѕидарски единици (освен за природен камен)

  17. Heading

    Методи за испитување на ѕидарски единици - Дел 16: Одредување на димензии

  18. Heading

    Методи за испитување на ѕидарски единици - Дел 20: Одредување на рамност на површини кај ѕидарски единици

  19. Heading

    Геотехнички истражни работи и испитувања - Теренски исптувања - Определување на волуменска тежина - Метод со калибриран песок

  20. Heading

    Геотехнички истражни работи и испитувања - Теренски исптувања на почви - Определување на модул на стисливост по метод со кружна плоча

  21. Heading

    Геотехнички истражувања и испитувања - Теренски исптувања на почви - Динамички опит со испуштање лесен товар на кружна плоча