За Нас

Следејќи ги современите техники на управувањето со изградба и надзор на градежните работи, во 2002 година основана е компанијата ЕВРО КОНСАЛТИНГ, која се потпира на македонски експерти, но работи по меѓународни стандарди. Нашата компанија достигна стабилност и просперитет повеќе од 20 години следејќи ги енергично своите принципи и цели. За тој период развивме различни инженерски вештини и искуства во областа на архитектура, инженеринг и градежништво, нудејќи им на клиентите комплетни инженерски решенија. Ние сме целосно посветени во обезбедување на успешна реализација на проектите. Нашите инженери поседуваат високо квалитетно искуство со различна техничка позадина и темелен пристап, давајќи им на проектните решенија подлабоко значење. Во нашите оддели работат повеќе од 45 инженери и техничари со разновидна техничка наобразба, експертиза, кои го сочинуваат мозокот на нашата компанија. Знаењата кои се акумулирани на тој начин го обезбедуваат успехот на проектите. Перцепцијата на инженерските проблеми од различни технички агли може да обезбеди широко и комплетно решение. Работејќи за клиенти од целиот свет, ние го задржуваме високото ниво на квалитет и професионализам во сите аспекти на нашата работа.

КОМПАНИЈАТА ГИ РЕАЛИЗИРА СЛЕДНИТЕ АКТИВНОСТИ ВО ДОМЕНОТ НА ГРАДЕЖНИШТВОТО:

  • Надзор при изградба на објекти од областа на високоградба
  • Надзор при изградба на објекти од областа на нисокоградба
  • Надзор при изградба на хидро технички структури
  • Надзор при изградба на патишта, патарини, железници и аеродроми
  • Надзор при изградба на згради и фабрики
  • Надзор при изградба на мостови
  • Контрола на квалитет
  • Геодезија
  • Проектен менаџмент

ЛИЦЕНЦИ И СЕРТИФИКАТИ