ЕВРО КОНСАЛТИНГ ДОО Скопје, Р.Македонија е компанија со големо домашно и меѓународно искуство на полето на организација на целокупен проектен менаџмент и консултантски услуги при изградба на инженерски објекти од нискоградба, високоградба и хидроградба.
Во тек на своето повеќегодишно постоење, нашиот инжинериски кадар со висок степен на репутација и искуство, учествува во изработка, проектирање и ревизија на техничка документација за патишта, мостови, аеродроми, пречистителни станици, објекти за водоснабдување, административни згради, подготовка на тендерска документација и супервизија на градби.
Евро Консалтинг Доо Скопје, официјално егзистира и е основана во Април 2002 година со законски акт во Основен Суд Скопје-Р.Македонија како Комапанија за Консалтинг, Инженеринг и Проектирање со официјален регистарски број 02044198-3-09-000 а во подеднаква сопственост на двајца експерти: М-р Марјан Иванов дипл.град.инж. и Бранислав Димитријевиќ дипл.град.инж.
Следејки ги модерните технологии во доменот на имплементација и практично спроведување на проектниот менаџмент како и црпејки долгогодишни практични искуства во водечки консултантски компании во светот ние ја основавме нашата компанија која се базира на знаењата на македонски експерти кои работат и применуваат интернационални стандарди.
Евро Консалтинг ги има обезбедено сите потребни Лиценци (А, Б и Ц) за проектирање, надзор и ревизија на градби од Министерството за Транспорт и Врски на Р.Македонија.
Евро Консалтинг применува интегриран модел на управување со процесите, систем за управување со квалитет согласно стандардот ISO 9001:2008, и систем за управување со животна средина согласно стандардот ISO 14001:2004.
Покрај постојните услуги, во рамките на Евро Консалтинг почнувајки од Јули 2010 година функционира и централна лабораторија за испитување на градежни материјали, односно лабораторија за геомеханика, асфалт и бетон, опремена со најмодерна опрема од производителот Controls - Италија, составена од лабораториска опрема за испитување градежни материјали по МКС и ЕН стандарди, теренска опрема за испитување "in-situ", како и опрема за земање мостри за испитување во теренски услови. Лабораторијата е акредитирана од Институтот за Акредитација на Р.Македонија, сертификат бр.ЛТ-018.
Интегрираниот модел за управување со квалитет и управување со животната средина на ЕВРО КОНСАЛТИНГ ја опфаќа целата структура на компанијата.
НАШЕТО ЗНАЕЊЕ И ИСКУСТВО СЕ ВАШАТА СИГУРНОСТ...
е обврска и одговорност на целиот инженериски персонал.
Срдечно Ваши!
| Управител |
Извршен директор |
| Бранислав Димитријевиќ д.г.и. |
М-р Марјан Иванов д.г.и. |
.jpg)
.jpg)
